MUGI 🎮1UP🍄 Accelerator - Open Call (Feb - May 2026 | Hybrid)

MUGI (Macedonian Union of Games Industry) го отвора повикот за MUGI 1UP - акцелераторска програма за тимови и индивидуалци кои имаат игра или прототип и сакаат да го направат следниот чекор: од идеја и демо до одржлив производ, јасна стратегија и пласман.

Програмата нуди поддршка и насочување од различни профили од game dev екосистемот - за да ја кренеш играта/прототипот на следно ниво.

Оваа програма е наменета за широк спектар креатори

  • соло девелопери

  • тимови што биле на гејм џем

  • инди тимови

  • фриленсери што градат сопствен проект или портфолио

  • искусни професионалци што работат на следниот голем чекор или нова игра

Што нуди програмата

Во рамки на MUGI 1UP ќе добиете поддршка фокусирана на практични резултати:

  • Менторство од индустриски експерти (продукција, продукт, бизнис)

  • Бизнис и продукциска поддршка за појасен план, приоритети и изведба

  • IP и монетизација насоки (поставување рамка за права и модели на приходи)

  • Пристап до инвеститори и издавачи преку насочување и подготовки

  • Demo Day showcase за презентирање на проектот

За кого е повикот

Овој open call е за вас ако:

  • имате игра во развој или прототип

  • сакате да го подигнете проектот на следното ниво со структурирана поддршка

  • сакате да бидете подготвени за пич, партнерства и пристап до пазарот на игри

  • сакате да го направите следниот чекор - да ја завршите, да ја објавите/лансирате, да обезбедите финансирање, или да поставите појасен план и приоритети

Формат и период

Програмата се одвива хибридно (Feb - May 2026), со активности кои комбинираат онлајн работа и сесии во живо.

Како да аплицирате

1. Отворете ја апликациската форма

2. Пополнете ги барањата за вашиот проект/прототип

3. Испратете ја апликацијата - деталите и следните чекори се наведени во самата форма

Рок за пријавување: 20.02.2026

➡️ Аплицирај + повеќе детали

Ако имаш игра или прототип - сега е моментот да го структурираш следниот чекор.

Аплицирај за MUGI 1UP и подготви се за Demo Day!